Владата доделува 9.000 евра за заштита на потрошувачите

Bez autora
Feb 04 2015

За заштита на потрошувачите Владата доделува средства во висина од околу 9.000 евра или поточно 550.000 денари. За таа цел Министерството за економија објави јавен повик за доделување финансиски средства од Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2015-2016 година за проекти кои ќе ги реализираат здруженијата на потрошувачите. За добивање на средствата неопходно е програмата да предвидува организирање регионални семинари во Скопје и Охрид за информирање за надзорот на пазарот за подобрување на безбедноста на производите и услугите, како и печатење на летоци и брошура за правата на потрошувачите и нивна промоција во Скопје, Битола и Струмица.

Владата доделува 9.000 евра за заштита на потрошувачитеЗа заштита на потрошувачите Владата доделува средства во висина од околу 9.000 евра или поточно 550.000 денари. За таа цел Министерството за економија објави јавен повик за доделување финансиски средства од Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2015-2016 година за проекти кои ќе ги реализираат здруженијата на потрошувачите.

За добивање на средствата неопходно е програмата да предвидува организирање регионални семинари во Скопје и Охрид за информирање за надзорот на пазарот за подобрување на безбедноста на производите и услугите, како и печатење на летоци и брошура за правата на потрошувачите и нивна промоција во Скопје, Битола и Струмица.

Право на учество имаат здруженијата на потрошувачи кои најмалку една година спроведуваат активности од областа на заштита на потрошувачите и претходно не добиле средства за истата намена. Понудите ќе ги разгледа комисија, а одлука ќе ја донесе министерот за економија.

Повеќе податоци заинтересираните може да добијат на веб-страницата на Министерството за економија или на телефонот 2 3093 495.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik